Супермоделот Heidi Klum, која е наречена и „Кралица на Ноќта на вештерките“ поради нејзините костими, годинава беше паун, маска во чија композиција беа вклучени и група на акробати.
Heidi од 1999 година е домаќин на екстравагантна забава за Ноќта на вештерките и досега се има претставено во повеќе изданија: од врколак во „Трилер“ , принцезата Фиона од „Шрек“, Jessica Rabbit , до лик на старица и лик без кожа од „Hellraiser“.„
Според нејзините зборови традиционалната забава е и нејзин внатрешен предизвик во создавањето на нешто ново и неверојатно, нешто неочекувано, токму како групата акробати који ја оживуваат нејзината маска на паун./М.М.