Во преставувањето на новиот умен прстен на Gucci се вели дека во Gucci x Oura Ring се спојуваат квалитетот и технологијата за да ги регистрираат и преведат сигналите на телото во функционални увиди, охрабрувајќи го оној што го носи да го оптимизира секој ден, за да го истакне неговиот внатрешен потенцијал.

Со потписот на логото Interlocking G и технологијата на Oura – Generation 3, паметното модно парче нуди нови начини оние што го носат, длабоко да се разберат и на тој начин да се изразат себеси.
Секоја минута од денот станува можност, се вели во белешките на брендот, бидејќи пакетот сензори ги следат отчукувањата на срцето, температурата и спиењето во апликацијата Oura, за да ги интерпретираат скриените пораки на телото.

Себе-откривањето добива ново значење со Gucci x Oura: соработка која ја слави индивидуалноста. Оддавајќи му почит на потеклото на брендот во светот на спортот и слободното време, прстенот Gucci x Oura ја изразува оваа поврзаност преку скапоцената интерпретација на монограмот на Guccio, опкружен со плетенка во 18k злато.
Преставувањето и деталите се на следниов линк:
https://www.gucci.com/us/en/st/stories/article/gucci-oura?utm_source=P_US_N__SIGN-UP_&utm_medium=email&utm_campaign=22-05-26_360_GucciOuraLaunchW22&gci=MjM0MTU5OTkwMDgwNTEzOTM1Ng==&email_hash=74e4673784f7b2c2f4a244e154d9703e0fec5ae1357b4c87398f2152d4f2efa5&et_rid=0030800002GCvQeAAL&utm_content=bottomimagecta1&siteid=Email

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.