Gucci ја претстави својата есенска рекламна кампања, во која новиот креативен директор Sabato De Sarno открива нова, заводлива визија на брендот. Најголемо внимание привлекува Gucci B -потенцијално најбарана торба за оваа есен. Со своите меки контури и добро познатите италијански детали од кожа, торбата е вистински пример за спој на модерниот со класичниот дизајн.
Gucci B е инспирирана од модели од нивната архива, комбинирани со стилови од 1950-те и 1970-те, како и од дизајнот што го носел ирскиот книжевник Samuel Beckett.
De Sarno нуди и други софистицирани модни парчиња како сиви плетени џемпери и камел палта.
Целиот асортиман, заедно со Gucci B торбата ќе биде достапен од петти септември./М.М.