Givenchy Plage е колекција инспирирана од убавините на Франција и животот на создавачот на брендот.

Givenchy Plage раскажува за Le Clos Fiorentina, идиличниот приморски имот на југот на Франција на легендарниот дизјанер Hubert de Givenchy, нудејќи хармоничен, современспој со минато низ палета на костими за капење, облека за плажа и модни додатоци.

Одавајќи носталгична почит кон основачот на брендот, креативниот директор Matthew Williams од архивите на модната куќа ги извади сликите од најраната колекција на облека за плажа, која за првпат беше претставена на модна ревија во Њујорк, во 1952 година. Ова успешно деби го зацврсти Givenchy како омилен француски моден дизајнер, постојано нудејќи облека за плажа во текот на наредните децении. Колекцијата го прикажува ова наследство во современ спој со минатото, во исто време претставувајќи гипотписите на модната куќа.

Генерално, колекцијата Givenchy Plage нуди низа елегантни и сензуални летни парчиња кои ги поврзуваат плажата и градот. Вешто ги балансира сензуалноста со лесниот спортски стил преку изразени деколтеа, морнарски пруги, бисери и розови акценти. Сложените мотиви со синџири и деликатните макраме детали дополнително го истакнуваатлетниот, крајбрежен момент.

Ленот, омилениот материјал на Hubert de Givenchy е користен за наметки во црна или беж боја, надополнети со капи од рафија, новите сламени чанти Voyou и чантата за пазарување G-Tote.

Колекцијата воведува костими за капење со QR код, со сите информации за одржување и нега, производство и употреба на рециклирани материјали во производите и пакувањето./М.М.

Givenchy Plage колекцијата може да се погледне и на сајтот на брендот: https://www.givenchy.com/int/en/women/new-arrivals/givenchy-plage-collection/

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.