Новиот моден додаток на Givenchy – Kenny, посветен на моделот Kendall Jenner, преставува нов поглед  врз францускиот луксузен бренд, за познатата торба во облик на кроасан.

Најновата итерација на чантата Givenchy Kenny, во колекцијата Pre-Fall 2022 година, е можеби досега и најгламурозниот моден додаток. Доаѓа во сјајна, текстуирана кожа, која нуди доза на сјај со 4G ланецот.

Високо-квалитетната изработка укажува на наследството на високата мода на Givenchy, кое Williams го истражуваше кога ја создаваше својата нова колекција. „Верувам дека модата е актуелна кога го одразува актуелното време. Евидентна е постојаната тензија помеѓу секојдневната реалност и елеганцијата и екстравагантноста на модната традиција, истакнува Williams.

Освен тоа што е поврзана со еден од најголемите модели на денешницата, Givenchy Kenny торбата доаѓа и во забавна, препознатлива форма./М.М.

You may also like

Comments are closed.