Han Chong, основач и креативен директор на лондонската модна куќа Self-portrait, со моделот Gigi Hadid и со своите долгогодишни креативни соработници, ја создаде најновата рекламна кампања наменета промоција на колекцијата за сезоните есен/зима 2023 година.

За првата кампања на брендот снимена во градот на светлината, познатиот британски фотограф Tyrone Lebon модните силуети ги постави крај неверојатната париска архитектура. Ова е трет пат Self-portrait да соработува со Gigi Hadid за рекламна кампања.

Han Chong го создаде својот бренд во 2013 година, за во изминатата деценија да стане синоним на функционална облека за ден и за ноќ, наменета за модерната жена.

Целата колекција е преполна со интригантен текстил во форма на креп, шифон, кадифе и тантела, кои пристигнуваат во живописни нијанси на зелена, магента, црвена, златна, и сребрена. Може да се види тука.

Self-portrait работи и на поттикнување креативни таленти и на различни иницијативи, вклучително и програмата за стипендирање во партнерство со Central Saint Martins во Лондон./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.