Размислувајќи за инспирациите за својата колекција пролет-лето 2022 година, Gabriela Hearst истакнува дека нејзините парчиња облека станале списанија за искуствата што ги носи животот и местата во кои ја носи нејзината љубопитност.


Така, преку љубовта кон минералите, ја открила и Hester Diamond, која ги имала сите карактеристики што ги цени дизајнерката: страста, инстинктот, интелигенцијата, вештините и силен систем на вредности. Таа,( Diamond), според дизајнерката, има изградено и највпечатлива уметничка колекција, со чиста љубов и духовитост. Таа собираше уметност, вели Gabriela Hearst, со највпечатливите уметнички дела – минералите, а природата секогаш ја нуди најневеројатната убавина што очите можат да ја видат.
Во реализацијата на колекцијата од трикотажа за претстојните сезони треба да се истакне и соработката со две непрофитни организации: – Manos del Uruguay, со која соработува уште од 2015 година и Madres & Artesanas Tex, организација составена од мини-бизниси, управувани од жени, посветени на производство на висококвалитетни рачно изработени ткаенини.

Колекцијата обединува и соработка со Americas craft of Navajo, односно нивните со ткајачи.
Основните силуети на класичните моледи на колекцијата, според Gabriela Hearst се надоврзуваат на оние од претходната сезона, но со поинаква изработка, особено на модните додатоци, во кои доиминира свилата и меката напа кожа. Така торибте и чевлите се од рачно плетени свилени ленти, а чантите имаат и повеќе внатрешни џебови, изработени во мека кожа./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.