Fight, Fight, Fight – новиот парфем на новоизбраниот претседател на САД, Donald Trump, што од јануари ќе биде во продажба, претставува симбол на силата и на триумфот на победата.
Fight, Fight, Fight има женска и машка изведба, ќе се продава по цена од 199 долари, со тоа што второто шише ќе може да се купи со попуст од 50 проценти. Рекламната кампања користи фотографија од Trump со Jill Biden, снимена на отворањето на катедралата Нотр Дам во Париз и слоган: Мирис на кој дури и непријателите неможат да му одолеат!
Имајќи предвид дека се работи за мала, ограничена серија, се претпоставува дека освен мирис, Fight, Fight, Fight ќе биде и колекционерски предмет. /М.М.
https://gettrumpfragrances.com