Fanglu Lin

Наградена е за дело што наликува на плетена ткаенина, инспирирана од традиционалните вештини за шиење на жените од малцинството Bai.

Од сите модни куќи во сопственост на LVMH, LOEWE е, несомнено, најмногу занаетчиска, така што посветеноста на LOEWE кон иницијатива за Craft Prize (Занаетчиска награда) од својата Фондација е само продолжение на таквиот светоглед.

Сè што е потребно за пријава за Craft Prize на Фондацијата на LOEWE е парче рачно изработена „применета уметност“, т.е. накит, метална обработка, мебел, текстилни креации, стаклени предмети итн. Добредојдено е се што не е постаро од пет години и е делумно или целосно рачно изработено, оригинално дело, поднесено од учесник кој не освоил поголема награда.

Денес е објавено дека Craft Prize на Фондацијата за 2021 година и е доделена на Fanglu Lin, уметник од Пекинг и изнесува 50.000 евра . Наградена е за извонредно комплексно дело, налик на плетена ткаенина, инспирирана од традиционалните вештини за шиење на жените од малцинството Bai. Делото е завршено во 2016 година и претставува исклучително сложена и обемна работа.

Наградено дело

LOEWE смисли изложба преку Интернет за годинешните финалисти, претставувајќи ја и архивата од минатите натпревари за Craft Prize, со сите претходни 115 дела што биле разгледувани од жирито./M.M.

More in:Вести

You may also like

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

Comments are closed.