Emira D’Spain влегува во историјата на како првата црна трансродова манекенка која соработува со легендарниот бренд за долна облека. Имено, по бројните критики за поставувањето на својот имиџ, меѓу кои и за недостатокот на инклузивност, Victoria’s Secret прави нови чекори : од вклучување модели со поголеми броеви во новите рекламни кампањи, до диверзификација на подновениот тим на модели, со трансродови африкански модели.


Emira D’Spain ја најави својата соработка со брендот преку TikTok. Позната по своите видеа „Get Ready With Me“ и совети за убавина, D’Spain промовираше долна облека на Victoria’s Secret за Денот на вљубените.

Спојувајќи го црвениот корсет на Victoria’s Secret со црно мини здолниште, D’Spain создаде совршен изглед за состанок по повод празникот на вљубените
D’Spain, кој е роден во Дубаи, израснат во Далас и живее во Њујорк, ги следи стапките на бразилскиот транс модел Valentina Sampaio која како првата транс жена соработувала со Victoria’s Secret во 2019 година. Victoria’s Secret од тогаш работи на обновување на својот имиџ и заживување на својот бизнис по годините на контроверзии и заостанувања во продажбите./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.