Кога минатата година Camille Miceli беше именувана за уметнички директор на италијанската модна куќа Emilio Pucci, која е дел на модната групацијата LVMH, извршниот директор на брендот, Sidney Toledano, истакна дека нејзиниот талент, творештво и искуство ќе придонесат кон нов креативен исчекор на Pucci, создаден пред 70 години.

Camille Miceli дојде во време кога легендарниот италијански бренд го заврши периодот на реструктуирање. Помеѓу 2017 и 2021 година, практично остана без креативен директор – колекциите беа дизајнирани од интерното студио, во соработка со надворешни дизајнери. Создадени беа две колекцији со Christelle Kocher и Tomo Koizumi кои поттикнаа интерес на Gen Z, најактивната целна група купувачи. Но, овие мали победи беа недоволни да се тргне кон патот на креативниот и деловен успех.

Micel е со богато модно портфолио: од Azzedine Alaïa, до Chanel и Louis Vuitton. Искуството е добродојдено, со оглед на фактот што почна да создава во време на пандемија и неизвесност. Со нејзината прва колекција успева да го зацврсти модното наследство на Emilio Pucci како бренд со вибрација на dolce vitа. „Колекцијата треба да биде за уживање во животот, особено по сето она низ што поминавме“, изјави Miceli за Vogue.

„Pucci е бренд за животниот стил, со јасна и директна порака“, вели дизајнерката. Така новата колекција доби дополнително засилување, и покрај тоа што joie de vivre е веќе вграден во кодовите на брендот. Енергијата е атрактивен транс – генерациски став, а проникнувањето на етикетата со позитивна атмосфера ќе помогне да се вклучи пошироката, помлада публика.

Класичните кошули со шалови, кафтани, мини здолништа и шорцеви се прекрасно безвременски додека ја сервираат потребната доза на допамин прелив на новата генерација на Pucci фанови.

Рестартирањето на Pucci ќе продолжи по „без сезона„ каденца. „Идејата за сезоната е демоде“, вели Miceli . Ние ја применуваме формулата „види сега, купи сега“ со повеќе нови мали колекцији со нови идеи што постојано ќе ги пленат клиентите./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.