Elisabetta Franchi

Ја нарекуваат недопирлива кралица на врвниот италијански тренди гламур. Elisabetta Franchi и нејзините колекции се посветени на женствените дами, кои сакаат гламур и ексклузивност, со топли и силни нијанси на фустаните и здолништата, секогаш надополнети со уникатни додатоци

Elisabetta Franchi

Меѓу додатоците, за врвни се сметаат колекциите на торби, чевли, чизми и колани со монограмот на брендот. Елизабета Франки имено се залага за права на животните и е една од првите премиум дизајнери кои забранија употреба на крзно и кожа во нејзините колекции, а на нејзините вработени им е дозволено да ги носат своите миленици на работа.

Elisabetta Franchi

Елизабета Франки – Бета дебитираше на модната сцена во 1996 година, по дипломирањето на Институтот Алдрованди Рубиани во Болоња, по што основа своето прво модно студио Le Complici..

Следејќи го својот инстинкт и со само 5 вработени започна да ги обликува своите идеи и да први креации. Денес поседува 70 свои продавници со вкупно 157 вработени.

Нејзиниот стил е прилично јасен и се издвојува по исклучително урбаниот шик идентитет и беспрекорните женски силуети, кои денес се безмалу заштитен знак на нејзините колекции.

Elisabetta Franchi

Иако нејзините креации ги носат светски познати дами, таа е задоволна и кога ќе види жена на улиците во Болоња како ги носи нејзините креации со насмевка.

За следните сезони пролет/лето 2021, се предлага комбинирање на сите нијанси на слатки: лаванда, крем, пудер и амарант. Цветните отпечатоци го означуваат и најромантичното време во годината. https://www.elisabettafranchi.com/eu/ss21-fashion-show. Колекцијата вклучува елегантни фустани во А-линија, елеци и здолништа со светки кои одамна станаа класици на Елизабета Франки. Брендот експериментира и со ткаенини, текстури и декор: цветните апликации се ставени на фустани од тул и шифон, додека светулките украсуваат развеани ткаенини и не ја отежнуваат силуетата.

Elisabetta Franchi

Елизабета Франки во колекцијата есен /зима 21-22 ни носи креации во духот на гламурот на седумдесеттите години и женственоста на педесеттите години. Фокусот е ставен на клучните парчиња облека: широки фустани, тесни здолништа, јакни, чизми и елегантни капи./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.