Поврзувањето на Dior со еколошката организација Parley резултира со прва капсула колекција Dior-х- Parley, направена од рециклирана морска пластика.

Заедничкото истражување е започнато во 2019 година, потикнато од желбата за еко-иновации, што би резултирало со нови предива и ткаенини. Еколошката организација Parley For The Oceans, едновремено е и производител на единствениот материјал создаден од рециклирана морска пластика.

Новите предива се направени од рециклиран морски пластичен отпад, собран на бреговите и островите ширум светот како: Малдивите, Доминиканската Република и Шри Ланка.

Овие предива потоа се обработени во работилниците на Dior, што преставувало посебен предизвик за занаетчиите на модната куќа, кои од добиените материјали требаа да произведат висококвалитетен жакард и вискоза.


Целосно еколошки дизајнирана, оваа колекција, наменета за мажите, го нагласува и поврзува наследството на куќата со современите трендови на зелениот пристап. Колекцијата, освен машка летна облека ( дуксери, маици и бермуди), има и додатоци, како капи,патики, перки и ултрамодерна маска за нуркање, за нови морски или езерски доживувања, во жешките летни денови./М.М.

https://www.parley.tv/updates/dior-x-parley

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.