Christopher Esber

Christopher Esber годинава одбележува 10-годишнината од постоењето на неговиот бренд. Иако требаше да биде прославена со пригодна модна ревија, која поради познатите причини е одложена, дизајнерот сепак има причина да прославува. Во изминатите две години, неговиот стил за на плажа (и линијата костими за капење) привлекува големо внимание и бројни купувачи на големите платформи за малопродажба и тој постепено се развива кон посложени парчиња. https://christopheresber.com.au/collections/

„Дефинитивно тоа е лекција за тоа дека треба да се држите до она во што верувате“, коментира Christopher Esber, на изложбениот салон со новата колекција преку Zoom. „Јас сум  благодарен што го работам она што го сакам“. Имало ограничувања или не, во главата на Christopher Esber се секогаш тропските предели, како Јамајка или Хаваи – што и најмногу му помогнало да остане фокусиран додека ја дизајнирал оваа колекција.

Christopher Esber

Спојувајќи го одморот со пролетта, дизајнерот ја истражува долгогодишната фасцинација со (voodoo) вуду, преку искривени, завиткани техники, во зелени бои со акцент на заоблени форми, како што се собрани здолништа со прицврстени полите.

Esber добро го познава кроењето и затоа користеше сложени техники на врзување за да им дозволи на некои парчиња да бидат пријатно лелеави: Блејзер или редингот што однапред изгледа класично, но задниот дел едноставно недостасува или, кошулата што вклучуваше преместување и надополнување од неговата прва колекција, подразбира исечена кошула со вграден градник. Најсилните и највпечатливи парчиња беа оние – наједноставните.

Австралискиот дизајнер Christopher Esber  го основа својот истоимен бренд во 2010 година.

Откако го основа својот бренд во Сиднеј, Esber  изгради глобална репутација на дизајнер кој ги знае и применува тајните на кроењето, дека создава силуети на структурирана флуидност што шепотат наместо да викаат. и. Мешаните машки и женски кодови се реформирани со софистициран пристап, со елементи на современо кроење.

Јас дизајнирам за жена која ја сака модата, но не и се предава, вели дизајнерот. Дури и доколку нешто е повеќе концептуално, таа секогаш има чуство на потреба да се ослободи од тоа./M.M.

Christopher Esber

Christopher Esber

Christopher Esber

Christopher Esber

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.