Претставувањето на новата колекција на Christian Dior во Мумбаи, Индија, е повеќе од промоција на најновите модели на париската модната куќа. Maria Grazia Chuiri по овој поводја направи видлива видлива врската на Christian Dior со занаетчиството во Мумбаи. На пистата поставена пред Портата на Индија, опкружена со тепих од разнобојни цвеќиња, беше преставена микроскопската генијалност на индиските традиционални рачни изработки кои блескаа во дизајните на Dior.

Креативната директорка на Christian Dior дента пред ревијата се виде со Karishma Swali, уметничката директорка на Chanakya ателјето, во кое се изработени сите сложени детали на текстилите наменети за високата мода на париската модна куќа. Нивното професионално пријателство трае речиси 30 години, поточно од 1992 година, кога Maria Grazia Chuiri почнала да патува во Мумбаи за да најде везови за Fendi, модната куќа за која тогаш има работено.

Откако Maria Grazia Chuiri работи за Dior, таа и Karishma Swali тесно соработуваат, а потврда за тоа се и огромните текстилни мурали, направени од жени уметници, кои ги украсуваат ѕидовите на модните ревии на Dior во Париз.Освен тоа, во 2015 година е основано училиште на Chanakya Foundation кадешто жените го учат занаетчиството, создавајќи можности во областа во која во Иднија доминираат мажи./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.