Најновото во Шанел, за крајот на оваа тешка 2020 година е течниот пудер/подлога Les Beiges Healthy Glow Foundation Hydration and Longwear. Со неговата употреба кожата добива природен, блескав изглед што на кожата и дава сјај како по сончев ден поминат на отворено. Свиленкастата, фина текстура се лизга над кожата и формира слој што е невидлив за окото и незабележлив за допир. Како друга кожа.
Комбинацијата од прав и пигменти ја рефлектира светлината и ја прави текстурата на кожата мазна, намалувајќи ги несовршеностите на лицето. Тенот станува воединечен, видливоста на дамките и пигментацијата на кожата е намалена, како и фините линии, а и видливите, зголемени пори. Благодарение на прилагодливата моќ на покривањето, кожата ќе биде блескава дури 12 часа. Формулата е создадена за да ја заштити кожата од надворешните агресори, како што е загадувањето. Екстрактот од Kalanchoe создава бариера на површината на кожата и ја штити од штетните ефекти на загадувањето – на отворено и на затворено. Збогатено е со навлажнувачки состојки, обезбедува чувство на моментална удобност и ја хидрира кожата од ден на ден. Достапен е во 35 нијанси, што и овозможува на секоја жена да најде нијанса што совршено и одговара. Совршен е за под маската и единствена опција за оние кои бараат светло покривање и хидратација, лесен финиш кој ќе и одговара на кожата под маската за лице. /М.М.