Секоја нијанса на Rouge Allure Velvet Nuit Blanche е направена за да надополни различни моменти по самракот.
Лимитираното издание Rouge Allure Velvet Nuit Blanche ги има сите бои со који се пречекува ноќта и се дочекува утрото. Chanel смета дека секоја боја одговара на расположението во тој период – од впечатливи црвени нијанси за во првите часови по полноќта. Како што наближува утрото, светло розово и свежо розево се соодветни за зората на новиот ден.


Rouge Allure Velvet Nuit Blance е со механизам што се отвора и затвора со еден клик. Се работи за редизајнирано пакувањето за оваа специјална линија, со елегантни, минималистички цевки во бело, со впечатливи црни украси, како почит кон безвременската естетика на брендот.
Лице на кампањата е Margot Robbie, актерката Barbie, инаку амбасадорка на модната куќата Chanel. Облечена во кожа, содејствува со расположението на колекцијата на кармини, наменети за времето по работа./М.М.


Rouge Allure Velvet Nuit Blanche ќе бидат достапни во бутиците на Chanel од 29 февруари, https://www.chanel.com/us/makeup/rouge-allure-velvet/

More in:Шминка

You may also like

Comments are closed.