Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот во Лос Анџелес
Додека Лос Анџелес сеуште се бори со огнената стихија и илјадници семејства остануваат без покрив над главата, модната индустрија се здружува за да им пружи помош на оние на кои им е најпотребна. CFDA (Совет на модни дизајнери на Америка) започнува кампања за собирање облека и основни потреби за ранливите и најзагрозени. Овој апел за помош ги повикува сите членови на индустријата, како и пошироката заедница, да донираат производи или ресурси за да им го олеснат секојдневниот живот на погодените од катастрофалните пожари.
Кампањата започна неделава и веќе поттикна многу организации и поединци да дадат донации, вклучително и финансиски средства и облека, кои се дистрибуираат преку партнерски невладини организацији. Меѓу првите донатори се: Clare Vivier, Michael Kors, Hillary Taymour, Tory Burch и Nikki Kule.
Во апеот на CFDA Cares се вели дека е поставен центар за координација и за собирање на донации. Ајде да се здружиме како индустрија, повикуваат од CFDA, за да го покажеме нашето сочувство и посветеност кон луѓето од Лос Анџелес, во ова време без преседан, исполнето со бројни предизвици./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.