Британската модна куќа Burberry направи pop-up продавница со бројни огледала што го рефлектираат околниот планински венец на островот Jeju, Јужна Кореја, за промоција на својата најнова колекција.

Направен од иверица, дрво и рефлектирачки поликарбонатен материјал за огледала, дизајнот има за цел да ја спои природата со современиот идентитет на брендот.
Фасадата на структурата го рефлектира и небото и блиските ридови.


Посетителите на поп-ап продавницата имаат можност да споделат нови промотивни и комуникацики канали. Уште на влезот е просторијата во која е прикажана рекламната кампањата за најновата колекција и содржи вовед во работата на тројца дигитални уметници: Maotik, Cao Yuxi и Jiayu Liu.
Во втората соба се наоѓа колекцијата на волнени палта, пуфер јакни со качулка и тренч палта во препознатливите беж и црни бои на Burberry. Во последната просторија, посетителите се опкружени со екрани кои прикажуваат интерактивни филмови од тројцата уметници. Филмот на Maotik ги следи движењата на посетителите, користејќи го нивното однесување за да ги информира компјутерски генерираните пејзажи проектирани на екранот./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.