Brandon Maxwell, дизајнерот кој родум е од Тексас, за сезоните пролет/лето 24, го создаде она што најдобро го знае: американска спортска облека – мода за секој ден, проткаена со фантазија и гламур.
Изгледите одат од елегантна мешавина на волна и свила, како фустанот Irenа, до „златен и сребрен„ џинс, како дел од предложената класична силуета, со нов пратечки детал, украс во вид на сребрен или златен завршеток на ремен. Украс е на половината, на работ од чантата, па дури е и обетка!
Минималистичката колекција зрачи со софистицираност преку куриран избор на нови и обмислено – резамислени силуети. Модерниот сензибилитет на мекост и структурираното кроење остануваат главен столб на брендот. Акцентот на изработката и квалитетот е очигледен насекаде, а употребата на природни. обмислени детали останува акутен фокус.
Познат по својот луксузен дизајн и беспрекорното кроење, Brandon Maxwell го привлече вниманието на вљубениците во модата. како и на познатите личности. Филозофијата на брендот е создавање безвременски, елегантни парчиња кои ја слават убавината на женственоста. Создадени од висококвалитетни материјали и беспрекорна изработка, колекциите на Brandon Maxwell се направени да траат./М.М.