Холивудскиот актер Brad Pitt се здружи со италијанската модна куќа Brioni во изработката и промоцијата на ексклузивната машка колекциј,а наречена BP Signature. Познавачите тврдат дека ваквиот развој на деловното поврзување не изненадува, сооглед на фактот што актерот е амбасадор на Brioni веќе трета година, а и претходно, често е виден во костумите токму на овој бренд.

Направен е чекор напред па Brioni, во сопственост на конгломератот Керинг, се здружи со својот амбасадор за да создаде нова колекција, за славниот актер и продуцент Brad Pitt својата харизма ја стави во функција на модата, како во креирањето, така и во претставувањето BP Signature.

Соодветно именувана BP Signature, колекцијата од седум дела комбинира палета на пригушени тонови со игра на текстури, истовремено истакнувајќи го ненаметливиот, лежерен стил на Pitt. Линијата се состои од парчиња во кои лесно можете да го замислите актерот, вклучувајќи дневен костум со две копчиња во боја на јаглен, кашмир јакна, долг, лесен џемпер од кашмир и поло палто. Постои и вечерен изглед кој е особено инспириран од облеката што славниот актер ја носеше на 92. доделување на Оскарите, а кој вклучува плишано сако и соодветни волнени панталони, заедно со елегантна памучна кошула.

„Освен фактот дека тој е една од највлијателните sвезди во Холивуд, и пред и зад камерата, Brad Pitt е икона на стилот, олицетворение на лежерната елеганција на современиот маж, со неверојатна ноншалантност и грациозност. Неговиот личен стил, во комбинација со оној на Brioni, доведе до уметничка идеја за создавање на BP Signature “, велат во Brioni. Секое парче од колекцијата носи ексклузивна етикета со потпис на славниот актер, а цените се движат од 550 до околу 4.000 евра./M.M.

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.