Brad Pitt е новиот амбасадор на глобалната камапања на De’Longhi https://www.delonghi.com/en-us
Во соопштението објавено на сајтот на De’Longhi се вели дека со задоволството го претставуваат новиот глобален амбасадор на брендот De’Longhi: Brad Pitt.

De’ longhi

Филмската реклама која им овозможува на гледачите да го споделат секојдневието на Brad е во режија на наградуваниот Damien Chazelle, додека музика е создадена од талентираниот композитор Justin Hurwitz. http://www.delonghiperfetto.com/
Двегодишното партнерството е објавено заедно со новата кампања насловена “Perfetto”. Сакав да работам со De’Longhi затоа што го ценам нивниот пристап кон кампањата, вели актерот за People. Концептот на Damien Chazelle резултираше со прекрасен производ – исто како и машините за кафе. Перфектно се однесува и на елеганцијата, дизајнот и хармонијата што брендот природно ги отелотворува.

De’ longhi

Brad Pitt го пофали „вниманието кон деталите“ на компанијата и истакна дека тој вид на промисленост е карактеристична вредност на италијанскиот дизајн – “како да дизајнирате нешто за луѓето што ќе го доживеат: одредени детали кои можеби нема да бидат веднаш очигледни, но на крајот имаат длабок ефект врз вас и вашиот живот. “/М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.