Boucheron ја претстави својата најнова колекција накит, наречена New Maharajah High Jewelry. Новата колекција е инспирирана од најголемата специјална нарачка во историјата на брендот, направена во далечната 1028 година, кога Bhupinder Singh, махараџата од Patiala, нарачал 149 парчиња скапоцен накит. Тогаш направените скици и модели се основата по која Claire Choisne, креативниот директор на Boucheron, ја создаде новата колекција. Таа ќе биде и дел на History of Style колекцијата на Boucheron за 2022 година.

„Оваа нарачка изгледаше како бајка, како материјал од соништата“, вели Claire Choisne „Во нашите архиви ги задржавме 149-те оригинални дизајни од кои добив инспирација за оваа колекција. Сакав да ги пренесам овие дизајни во 21 век и повторно да ги измислам„.


За претставување на колекцијата Boucheron ја ангажира младата холандската актерка и модел, Marte Mei Van Haaster./М.М.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.