Функцијата инспирирана од TikTok овозможува откривање и купување производи без напуштање на апликацијата
Модниот бренд Bershka воведе нова функционалност во својата мобилна апликација – „Loop“, вертикален видео-фид со кратки, динамични содржини преку кои корисниците можат истовремено да откриваат и купуваат производи.
Станува збор за формат што наликува на популарните кратки видеа, каде корисникот непречено „скрола“ низ содржина, додека производите се директно означени во видеото. Со едноставен клик, тие можат веднаш да се додадат во кошничка, без да се напушти текот на гледање.
Со оваа алатка, Bershka го поедноставува процесот на онлајн купување, претворајќи го класичното прелистување во интерактивно искуство во кое инспирацијата и купувањето се случуваат во ист момент. Наместо корисникот прво да види производ на социјални мрежи, а потоа да го бара во онлајн продавница, целиот процес сега се одвива во рамки на самата апликација.
„Loop“ комбинира видеа создадени од брендот со содржина од корисници, прикажувајќи ја облеката во движење и во реални ситуации, со поопуштен и непосреден визуелен пристап. Сето е и нов чекор во еволуцијата на модните апликации – од класични каталози кон платформи што нудат содржина, забава и купување во исто време.
Фотографии:Bershka



















