Bernard Arnault

Bernard Arnault, со неговото семејство, поседува богатство поголемо од Jeff Bezos – сопственикот на најголемата онлајн платформа за малопродажба Amazon, според Forbes. Последните месеци Arnault има потрошено 538 милиони долари за стекнување акции од сопствениот бренд Louis Vuitton, контролирани од него и неговото семејство. Модниот конгломерат оствари приход од 44,7 милијарди евра во 2020 година, и покрај падот кај растот на продажбата за 17 проценти.

Според Forbes, Bernard Arnault и семејството, сопственици на водечката светска компанија за луксузни модни производи, Louis Vuitton Moet Hennessy (LVMH), станаа најбогати во светот, со нето вредност од 186,2 милијарди долари,  Arnault е побогат и од Елон Маск – сопственикот на SpaceX и Tesla, откако пријави приход од првиот квартал во оваа, 2021 година, во износ од 14 милијарди евра, што е зголемување за 32% во споредба со истиот период лани.

Bernard Arnault

Во јануари годинава LVMH го склучи најголемиот бизнис во светот на луксузниот моден бизнис, со купување на американскиот производител на накит Tiffany & Co. за 15,8 милиони долари.

Модниот конгломерат минатата година забележа приход од 44,7 милијарди евра, што е пад на растот на продажбата за 17%. Модната група лани евидентира и пад на органскиот приход за 16% , во споредба со претходната – 2019 година, поради сериозната здравствена криза што резултираше со затворање на продавниците и на производствените погони во повеќе земји, за период од неколку месеци.

Најдобриот производител на луксузна мода во светот надгледа империја од 70 брендови, вклучувајќи ги Louis Vuitton, Sephora, Tiffany & Co, Stella McCartney, Gucci, Christian Dior и Givenchy, кои работат под капата на LVMH.

Сето се случува во време кога бројните западни аналитичари немаат конкретен одговор кога и како текстилната индустрија ќе се опорави од силината на пандемискиот удар и мултициплираните последици од затворањата, изолациите и работата од дома.

Укажуваат дека комплексноста на состојбата бара сеопфатни и издржани мерки и решенија, првин за залихите (150 милијарди се затворени во залихи од лани летото и уште толку од зимските колекции), поради кои драстично се намалени нарачките во фабриките во источните земји, многу компании се во долгови и ги повлекуваат со себе и производителите, добавувачите, транспортерите и малопродажбата.

Купувачите од приватниот сектор се или економски ослабени, или претпазливи па ги проретчуваат своите шопинг тури за трендовска или сезонска колекција. Останатите – оние кои брзо ја конзумираа и менуваа брзата мода тешко дека наскоро ќе го покренат застанатото тркало.

Веста за според која од денес, според  Forbes, Bernard Arnault, сопственикот на Louis Vuitton, е најбогатиот човек на светот, укажува и на зголемувањето на јазот меѓу богатите и оние кои едвај преживуваат, а Arnault, и работниците во текстилната индустрија се транспарентен пример за тоа./M.M.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.