Orebella, брендот на палестинската супермоделка Bellа Hadid, донесува вистинска револуција со својата иновативна линија на наменски, вегански парфеми. Линијата ветува хидратација и подигнување на аурата.
Носталгијата и благосостојбата се своевидна емотивна основа за Orebella, одразувајќи ги личните ставови и погледи на Hadid. Инспирирана од доживувањата на фармата на нејзиното семејство во Пенсилванија, каде што ужива во смирувачките ефекти на лавандата, Hadid создаде линија што го премостува јазот помеѓу телото и умот.
Барајќи понежна алтернатива на традиционалните мириси, таа се сврте кон есенцијалните масла и природните состојки, со цел да поттикне ритуали на лекување кои промовираат самоповрзување и благосостојба.


Согласно нејзините филантропски напори, Hadid се ангажита Orebella да биде активна кон заедницата. Преку Фондацијата Ôrəbella Alchemy, дел од нето-продажбите се посветени на поддршка на организациите кои го делат етосот на брендот. Во моментов, Orebellа е партнер со The Lower Eastside Girls Club од Њујорк и PATH International, отелотворувајќи ја посветеноста на Hadid за опипливи позитивни промени.
Инаугуративните мириси на Orebella – “Window2Soul”, “Salted Muse” и “Blooming Fire” – се инспирирани од моќта на меморијата и на емоциите. „Window2Soul“ зрачи со чиста цветна арома, потсетувајќи на вечната љубов во семејството на Hadid. „Salted Muse“ ја буди свежината на морето, додека „Blooming Fire“ е сензуален и опиен мирис, како тропските брегови. Секој е дизајниран да зајакнува, поттикнува раст и обновува./М.М.

Деталите се на https://orebella.com/

You may also like

Comments are closed.