Сестрите модели Bella и Gigi Hadid се новите промотори на пролетно-летната рекламна кампања на Versace. Сликите, инспирирани од богатата архива на модната куќа, потсетуваат на уметноста на седумдесетите и на истористиот фотограф Richard Avedon.

За концептот на семејството, како основа за инстирацијата, дизајнерката Donatella Versace вели: Семејството е основа на се и поради тоа длабоко им се восхитувам на Bella и Gigi…За мене тие совршено ја претставуваат силата што се создава помеѓу две сестри, која ги обединува и нив, како и сите членови на семејството Versace ширум светот. Сакам оваа кампања да биде топла прегратка за сите на почетокот на 2022 година!

Во фокусот е длабоката врска меѓу сестрите модели, како и камеото на дизајнерот. Трите жени всушност се поврзани со години, и професионално и лично. Целиот амбиент е многу пријатен и преставува симбол на длабока поврзаност./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.