Boohoo е на удар поради ознаката Made in the UK за облека направена во странство. Британскиот производувач на „брза мода„ Boohoo, повторно е на удар на критики, овој пат за етикета „произведено во ОК“ на облека за која се верува дека била направена во Јужна Азија. Наводите се базираат на наодите од истрагата на BBC Panorama, која во ноември минатата година се зафати со откривање на оперативни неправилности во фирмата.
BBC соопшти дека на маици и дуксери им биле отстранети оригиналните етикети во фабриката на Boohoo – Thurmaston Lane, во Лестер, и ставени оние на кои пишувало дека се произведени во ОК.
На изјавата на Boohoo дека се работи за изолиран инцидент, од BBC реагираа дека потегот може да се однесува на „стотици илјади погрешно означени облеки“. Поторувајќи дека сето е „резултат на човечка грешка“, портпаролот на Boohoo за BВС изјави дека се преземени чекори за тоа да не се повтори.
Објавата за промена на етикетите дојде само неколку дена откако почнаа да кружат извештаи дека Boohoo размислува за затворање на фабриката во Лестер. Отворена е во јануари 2022 година, како „модел“ за групата и како обид да се зајакне посветеноста кон локалната заедница и производството во ОК . Сега се вели дека Boohoo се подготвува за затворање на овој производствен капацитет поради зголемување на ефикасноста во бизнисот.
Останува да се види кои биле вистинските причини за менувањето на етикетите и дали и каква врска сето има со затворањето на фабриката во Лестер.
More in:Мода вести
Справување со текстилниот отпад и преку редефинирање на модата
Решавањето на проблемите со текстилниот отпад вклучува редефинирање на модата преку промовирање одржливи практики, како ...
Стил и елеганција за празничната сезона: Модерен outfit за секоја забава
Кога станува збор за облекувањето во празничната сезона, веројатно најчесто се прашувате како да изгледате ...
Whispers in Time – нова колекција на Monika Dimova
Моника Димова, креативна директорка и моден дизајнер на истоимениот бренд, ја претстави својата најнова колекција ...
Gucci Gift – празнична приказна со Dakota Johnson
Четвртото поглавје на Gucci Gift кампањата, насловено како Ноќ во Фиренца, ја оживува празничната магија ...