Balmain

Дизајнерските чанти на Balmain, претставени во летната колекција со 62 модела, се потпираат на три различни извори на инспирација: богатата архива на модната куќа, креативното ателје што продолжува да го совладува традиционалните модни техники, како и веднаш препознатливиот стил што Olivier Rousteing го работеше и успеа да и го наметне на куќата, откако беше именуван за креативен директор, во 2011 година.

Balmain

Од архивите секако потекнува исконскиот монограм, вграден во логото на модната куќа. Имено,страста на Pierre Balmain кон класичната архитектура, кон средновековните замоци и прекрасните градини околу нив ширум Франција се јасно видливата инспирација на Balmain за неговата лавиринт текстура, изведена од монограмот на неговото име и презиме.

Balmain колекцијата за летово, освен модели со лавиринтен монограм, претставува и нивна креативна надградба, создавајќи традиционалната моќна, препознатлива, Balmain  силуета./М.М.

Balmain

Balmain

Balmain

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.