Судејќи според социјалните мрежи, Baccarat Rouge 540 е најпосакуваниот парфем денес. Дело е на парфимерот Francis Kurkdjian. Парфемот го дизајнирал „како поетска алхемија во која воздушните ноти на јасмин и сјајот на шафран ги носат минералните аспекти на амбра и дрвенестите тонови на свежо исеченото кедрово дрво.

Парфемот Вaccarat Rouge 540 е резултат на соработката на парфемската куќа на Francis Kurkdjian со Baccarat, за да сепрослави 250-тиот роденден на производителот на кристали. Во описот на парфемот неговиот создавач вели: Baccarat Rouge 540 ја отелотворува алхемијата на сетилата.

Дрвениот мирис ослободува поетска алхемија, високо кондензиран мирисен потпис. Волшебните аспекти на јасмин, блескавиот шафран ги засилуваат минералните ноти на килибарот и дрвенестите тонови на свежо исечениот кедар. Светлиот и елегантен парфем, Baccarat Rouge 540, ја гали кожата како килибар.

Ова ароматично соединение е развиено во 1960-тите, когабило едно од најчесто користените.

Популарноста на парфемот експлодира на TikTok и еве што велат за Baccarat Rouge 540 на популарната платформа за преглед на парфеми, „Full Scent“.

„Ми се допадна постојаноста. Се чувствува околу вас со часови. Не ми мириса познато, но  можеби би можел да сеспореди со Прада Кенди, поради слаткиот момент. Предизвикува радост, се чувствувам убаво додека го носам. Целосно е женствен, мазен и топол„…

„Намирисав многумина кои личат на него и ја видов разликата. Baccarat Rouge 540 е исполиран до совршенство. Само тој ја има таа леснотија. Вистинско мало ремек дело на голем парфимер кој сакал да биде балетан. Уметник во душа, тој се реализира на друг начин. Неговата креација е уметничка, разиграна, имагинативна, впечатлива, весела, енергична и светла“.

https://www.franciskurkdjian.com/eu-en/p/baccarat-rouge-540-extrait-de-parfum-RA14232.html

You may also like

Comments are closed.