Baby Lasagna ја одби наградата од 50.000 евра од државата Хрватска за освоеното второ место на годинешната Евровизија.
На својата Инстаграм страница напиша дека неможе да прифати 50.000 евра и дека нема да ги земе парите, туку бара Владата да ги донира на оние на кои им се повеќе потребни.
Би можел да дадам многу причини зошто, но првата, најважна и доволна е дека има многу други поединци и организации на кои ќе им се помогне со овие пари многу повеќе, пишува Lasagna во своето обраќање.
Го молам господинот Пленковиќ да донира 25.000 евра во мое име на Институтот за детска онкологија и хематологија, со дневната болница „Младен Ќепулиќ“. Другите 25.000 евра би сакал да ги донирам на Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација на хематопоетски матични клетки при КБЦ Загреб. Ви благодарам“, напиша Лазања, чие вистинско име е Марко Пуришиќ.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.