Anne Klein

Веројатно сте ја слушнале изреката дека „Гардеробата нема да го смени светот- жените што ја носат ќе го сменат!„. Автор е американската дизајнерка Anne Klain, создавач на класичниот кежуал дизајн, визионерска дизајнерка која уште во педесетите, тврдејќи дека „жените ја прават разликата„ за своите колекции користела идеи од машката облека, оплеменети со женствен допир

Anne Klein

Anne Klein ( Hannah Golofski ) беше американска модна дизајнерка и деловна жена на повеќе модни куќи меѓу кои, секако, и на онаа што го носи нејзиното име – Anne Klein & Company. Компанијата е создадена во 1968 година, во партнерство со Gunther Oppenheim, и за десетина години нејзините дизајни се продаваа во над 750 стоковни куќи и бутици ширум САД.

Создавачот на класичен кежуал дизајни за секоја жена, Ана Клајн, беше визионерска дизајнерка која прва гради концепт на гардеробер во кој модните парчиња се склопуваат во стилски комплети. Нејзиниот дизајнерски белег „жените ја прават разликата„ прерасна во hallmark на наменската и стилска гардероба – оној што со децении ги формира трендовите.

Во 1950-тите, таа лансираше низа облеки познати како сепарати. Овие блузи, панталони, здолништа и јакни биле многу популарни затоа што можеле да се комбинираат во неколку различни модерни комплети.

Anne Klein

Ана Клајн, речиси во исто време како и Coco Chanel, ги прилагоди машките стилови на начин на кој можат да бидат дизајнирани и за жените. Користела идеи од машката облека, како јакни, костуми и кошули, за да ги обликува и оплемени со женствен допир.

Anne Klein

Anne Klein & Company, доследна на стилот на основачот, нуди и денес класични кежуал дизајни, како и додатоци, од кои се издвојува серијата дизајнерски часовници./М.М.

Anne Klein

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.