Atelier Jolie, брендот на Angelina Jolie, со Chloé ќе лансираатнова капсулна колекција. Се работи за заеднички дизајн на Atelier Jolie и на Gabriela Hearst, американската актерка и креативен директор на Chloé. Во пригодното соопштение се вели дека станува збор за еден поинаков моден проект, односно дека во новата колекција максимално е вклучена мрежата на меѓународни производители за материјалите за колекцијата да се со помало влијание врз околината од било која претходна колекција на Chloé .

Според Инстаграм профилот на Atelier Jolie, заедничката колекција ќе се фокусира на готови парчиња што ја слават „модерната женственост“ и ги истакнуваат „автентичните врски меѓу жените“. Тоа е и колекција создадена во чест на „заложбите за подобрување на социјалната и еколошката одржливост, со поголема транспарентност и одговорност“.

Воглавно се работи за вечерни фустани со флуидни силуети,инспирирани од гардеробата на Jolie.

 

Chloé е моден бренд со B Corp статус и тоа било пресудно за Jolie да ја иницира соработката. За мене беше важно да работам со Chloé, еден од првите луксузни брендови да биде B Corp, се наведува во изјавата на Jolie. „Мојата заработка од оваа соработка ќе биде инвестирана во стажирање за кројачи и занаетчии во Atelier Jolie.

Jolie во мај го лансираше Atelier Jolie како колаборативен бренд , за кој рече дека на глобално ниво ќе ја олесни работата со кројачите, дизајните и занаетчиите. Се инсистира на користење на остатоци од винтиџ материјали и користени материјали, како и за ставање во центарот на вниманието на сите вклучени во процесот на создавањето во Atelier Jolie.

Од моментот кога слушнав за визијата на Angelina за Atelier Jolie, верувам во неа, стои во изјавата Hearst. Тоа е вистинскиот начин да се издигнат другите преку убавината на изработката на облека и нејзината длабока почит кон околината. За мене е чест што Chloé ќе биде првиот соработник на Atelier Jolie, бидејќи имаме исти високи идеали за подобрување./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.