Alia Bhatt, познатата актерка на Bollywood е именувана за ново лице на Gucci. Првото појавување на индиската актерка во улога на амбасадор на италијанскиот бренд е викендов, во Сеул, на преставувањето на крузер колекцијата на Gucci за 2024 година.

Повеќето амбасадори на брендот досега биле актери, како на пример Mina Shin или Dakota Johnson, но за прв пат Gucci одбира индијка, насочувајќи се така и кон огромниот пазар на нејзината татковина. Првите слики на Alia Bhatt во костум на Gucci се објавени на социјалните медиуми, а веста за именувањето е поставена на Инстаграм.

Соработката со Gucci означува нова страница во кариерата на актерката, која е меѓу најпопуларните во индиската кинематографија. Но, тоа не е сè: во последниве години, таа е и во светот на модата и тоа не само преку рекламни кампањи за водечки брендови, туку и со свој бренд на трудничка облека, наречен Ed-a-Mamma.

Новиот договор може да ја направи меѓународна ѕвезда. Пред неколку недели таа дебитираше на најпопуларниот настан на годината, Met Gala, во креација на Prabal Gurung, а наскоро, покрај Gal Gadot и Jamie Dornan, ќе се појави во серијата Heart of Stone (Срцето од камен) на Netflix, дебитирајќи така и во Холивуд./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.