Alexander McQueen

Од Alexander McQueen и Balenciaga објавија дека повеќе нема да користат крзно во своите колекции. Модните куќи – и двете се во сопственост на Kering – потврдија дека ќе работат без крзно и во извештајот на The Humane Society.

Во истиот извештај е именувана и модната куќа Gucci, која работи без крзно од 2018 година. За Balenciaga исто така се сметаше дека е без крзно веќе неколку години, но ова е прва потврда на таквата одлука.

Оваа вест значи дека Saint Laurent и Brioni сега се единствените брендови во сопственост на Kering, кои според Business of Fashion, сè уште користат крзно.

Овие модни брендови ги следат примери на врвните модни куќи, како  Prada, Versace и Chanel, кои имаат забрането крзно во своите колекции.

Веста доаѓа само неколку недели откако голем број врвни лондонски дизајнери лобираат Велика Британија да стане првата земја во светот што ќе забрани продажба на крзно. Иницијативата ги здружи Stella McCartney, Vivienne Westwood, Erdem Moralioglu и другите брендови да се обидат да го убедат Boris Johnson да донесе таква одлука.

„Имаме заедничко верување дека модата, водена од потрошувачи и овозможена од иновации, се развива за да се забрани крзното на животните, бидејќи се повеќе луксузни модни дизајнери и трговци го елиминираат од своите колекции“, се вели во писмото, упатено до јавноста и до премиерот„Мнозинството потрошувачи во Велика Британија одбиваат крзно од животинско потекло врз етичка основа“./M.M.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.