Фотографирана од Amar Daved (De Facto Inc), во најновата колекција на Peter Dundas, супермоделот Alessandra Ambrosio е на најновата насловна и во едиторијалот на Vogue, наменет за скандинавскиот пазар.
Бразилската убавица ја претстави најновата колекција на Peter Dundas, наменета за претстојното лето.
Стилистот на модната куќа, Christopher Campbell, ги става во центарот на вниманието неговите дизајни, инспирирани од рокенролот. Тоа особено е забележливо во блескавите фустани со врвки, како и смелите, шарени принтови со потенцирани исечоци. https://dundasworld.com/
Инаку Alessandra Ambrosio неодамна дебитираше и со нови дизајни на костими за капење од нејзината линија на костими за капење, Gal Floripa, покрај тоа што позира за модни глоси./М.М.