Во рамките на Milano Moda Donna, односно миланската Модна недела, особено внимание привлече есенско/зимската колекција на Alberta Ferretti. Наместо најчесто користениот шифон за своите модели за коктел настани и вечерни излегувања, пред миланската публика се претстави една нова Ferretti.

Така, во бекстејџот дизајнерката првин зборуваше за модата по пандемијата. „Предходно модата беше таа која „зборуваше“ и премногу, за потоа две години да замолкне и да останеме затворени. Сега жените сакаат да живеат“, рече таа, да ја истакнат личноста и идентитетот.

Сите овие размисли се присутни во моделите на новата, засилената колекција à la Ferretti. Пленат кадифените панталони што меко се обвиткуваат околу нозете и го свртуваат вниманието кон металниот блесок на плетените блузи, како и на широките палта од еко-крзно. Сините, сиви и бордо нијанси на изгледите ја истакнуваат топлата и моќна .би рекле, кадифена колекција, во која жената ја покажува својата личност и идентитет.


Она што недостасуваше во главно дневна облека беше за Ferretti препознатливата леснотија на вечерните изгледи. На нив потсетија трите црни мини фустани од 60-тите – изгледаа не само бестежински туку и разлетано, лесно. Вечерните фустани кои го затворија шоуто, со сета таа тантела во сребрен ламе plissé, шифон со прстени од пердуви и драматични, но разиграни детали, потсетија дека Ферети може да влезе во нови категории, но не треба да ги заборави овие потписи./М.М.

Новите силуети од колекцијата, како и целата модна ревија на Alberta Ferretti, можат да се видат на https://www.albertaferretti.com/us_en/

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.