Air Swipe Bag е револуционерен дизајн. Изгледа како облак, иако се работи за најголем објект направен од наноматеријал – Coperni создаде нова бура на модната сцена: колекцијата претставена на Париската модна недела (Paris Fashion Week) вклучи дополнителен ефект на изненадување – овој пат од напредна технологија.
По фустанот направен со спреј на модната куќа Coperni, како и роботите на писта, Sébastien Meyer и Arnaud Vaillant на париската модна ревијата ја претставија препознатливата силуета на Swipe чантата но, овој пат направена од – воздух. Таа содржи 99% воздух и 1% стакло. Поточно – чантата е направена од наноматеријал што НАСА интензивно ги користи за фаќање на ѕвездена прашина и е најлесната цврста супстанца на нашата планета.
Air Swipe Bag е револуционерен дизајн. Изгледа како облак, иако се работи за најголем објект направен од наноматеријали.
Зад генијалноста на овој потфат стои професорот Ioannis Michaloudis. Иако тежи само 35 грама, Air Swipe Bag може да издржи до 4000 пати поголема од својата тежина, односно 12 килограми. На инстаграм профилот поставен е кус видео запис за новата чанта: