Uncategorized

adidas се извини за розовите копачки на Светското првенство

adidas се извини

Германскиот производител на спортска опрема adidas се извини поради розовите копачки што ги носеа фудбалерите на Светското првенство, оценувајќи дека станува збор за случајно совпаѓање.
Извршниот директор на компанијата, Бјорн Гулден, изјави дека неочекуваната доминација на истата боја била случајност. Мислам дека тоа е совпадливост и се надевам дека нема повторно да се случи, изјави Гулден.
Тој, според магазинот FashionUnited, посочи дека не е спорна самата розова боја, туку фактот што повеќе водечки производители истовремено се определиле за истата нијанса.
„Чудно е што сите завршивме со ист избор“, заклучи Гулден. „Никој не нè предупреди. И срам да ни е поради сето. Мислам дека никому не му се допадна тоа.“
Во јавноста се појавија повеќе објаснувања за сè почестата појава на розови копачки на шампионатот – од тоа дека розовата боја е повпечатлива на тревната подлога, до поврзувањата со боите на ЛГБТ-заедницата. На социјалните мрежи преовладуваат и коментари дека розовите копачки потсетуваат на феноменот „Барби“, поради што многумина турнирот го нарекоа „Барби Светско првенство“.
Фото: adidas

 

You may also like

Comments are closed.