Zaha Hadid, архитект познат по бројни градби во Јапонија, во соработката со брзилската фирма Melissa, го прошири своето портфолиото и на полето на модата. За прв пат производителот на чевли соработува со архитект, па нивното првенче привлекува големо внимание.
Отворајќи нова тема за истражување, архитектот и Melissa создадоа обувките на иднината – обувки што се поврзуваат со контурите на телото.
Постои имплицитно чувство на леснотија што ја заматува границата помеѓу телото и чевлите.
Напредното моделирање овозможува развој на производот до производствената линија. Овој предизвикувачки процес користи 3D печатење и брзи техники за добивање прототип, како клучна алатка за рефлектирање на ергономијата на чевлите./М.М.