ZUV

EOOS направи прототип на трицикл наречен ZUV, со нулта емисија на штетни гасови, што ќе може да се печати 3D на локално ниво, наместо да треба да се испорачува и патува ширум светот. Создадено од EOOS NEXT, возилото беше нарачано за изложбата MAK’s Climate Care, како дел од Виенското биенале за промени. Трициклот е направен од 70 килограми пластичен отпад, добиен од супермаркетите.

ZUV

Од EOOS посочуваат дека целта била да се дизајнира и создава на локално ниво, со достапно производство.  Поради високите трошоци за работна сила во Европа, речиси секоја рамка за велосипед се произведува во Азија. Затоа тие посакуваат локални производствени погони за ZUV во секој град, низ целиот свет.

ZUV

Создаден во соработка со The New Raw компанијата, ZUV се напојува преку електричен мотор и нема педали или синџир за велосипеди. Дури и самиот процес на 3D печатење е дизајниран да го минимизира отпадот, бидејќи The New Raw користи сопствена механизација, од стар индустриски робот.

И покрај неговиот компактен дизајн, ZUV е тежок само 100 килограми може да носи двајца возрасни на своето седиште заедно со две деца или еквивалентна количина товар во транспортната кутија./M.M.

ZUV

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.