Модни додатоциТрендови

Boucheron со колекција накит во боите на виножито

Boucheron

Boucheron во најновата колекција накит скапоцените метали ги нанесува на керамика и кристални карпи, на високи темепатури, за да се добијат холографски нијанси.

Одамна воспоставената репутацијата на Boucheron за техничко мајсторство во обединувањето на  авангардни дизајни, се потврдува и во најновата колекција накит во боите на виножито.

Boucheron

Во колекцијата, која освои награда за Best Technical Triumph на Wallpaper’s Design Awards 2021, Boucheron созаде гердан од титаниум, како и прстени од златото и среброто споени со карпест кристал, така што ги става скапоцените метали на високи температури и ги прска врз керамика и кристали, ослободувајќи нови магични нијанси.

Boucheron

Claire Choisne, креативната директорка на Boucheron истакнува дека создава виножито во парчињата накит, а дека експериментира заедно со  уметникот Olafur Eliasson и архитектот Luis Barragán.

Новата колекција содржи 25 парчиња оригинален магичен накит./М.М.

Boucheron

Деталите се на https://www.boucheron.com/en/high-jewelry/collections-carte-blanche/holographique#chromatique

You may also like

Comments are closed.