МодаТрендови

‘Dreamy Passage’- нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ - Росица Мршиќ

Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето – ги враќа романтичните, пријатни чувства видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера, спојувајќи ја со нови, современи изрази, изградени преку разиграни, но сепак мазни, фини и софистицирани силуети

‘Dreamy Passage’- Росица Мршиќ

Новата капсулна колекција „Dreamy Passage“ на Росица Мршиќ претставува пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста, карактеристична за Росица Мршиќ, со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и од сонување.

Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето, ги враќа романтичните, пријатни чувства видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера, спојувајќи ја со нови современи изрази, изградени преку разиграни, но сепак мазни, фини и софистицирани силуети.

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

Меката и нежна, пастелна палета, сугерира блаженство, летни денови и ги дефинира сите изгледи, во спој на форми и цветни дезени.

Сите принтови се направени за потреба на колекцијата, за да ја престават сонливата летна атмосфера. Со големо внимание на деталите, сите парчиња од колекцијата се разновидни, ги надминуваат сезоните и се наменети да се носат во текот на денот и за вечерни пригоди.

Со својата наклонетост кон уметноста и нејзиниот архитектонски пристап при обликувањето на силуетите, Росица Мршиќ има прецизно око за создавање новитети во кроевите и е постојан оптимист. Сето тоа сугерира дека нејзиниот клиент е жена со доверба, смела и со истенчен моден вкус.

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

‘Dreamy Passage’ е 25-та колекција на брендот Росица Мршиќ, основан во 2009 година. Брендот изработува безвременски, квалитетни, современи и космополитски модни колекции, кои се базираат врз принципите на бавната мода, со локално, еколошко производство. Се создаваат модни парчиња направени само по барање и со примена на фер трговија.

Брендот Росица Мршиќ два пати годишно создава мали, ‘limited-edition’ колекции, а секоја од нив е локално произведена и речиси целосно рачно изработена од вештита изведувачи во дизајн студиото во Скопје. Имплицирајќи стратегија за непотребно трошење и загадување на животната средина, со изработка на облека направена по мерка, секоја облека се создава само откако ќе се нарача.

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

‘Dreamy Passage’е промовирана во showroom на концептуалната дизајнерска платформа Иван Асен 22, во Софија.  Достапна е и во Росица Мршиќ студиото, како и во бутикот Виа, во Скопје.

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

„Dreamy Passage“ – Росица Мршиќ

 

Фотографии: AniDimi Photography

Модел: Софија Симоноска/ МоделсИн

MUA: Зорица Николова

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.