Со речиси 380 милиони активни корисници дневно и милијарди приходи, платформата Kuaishou станува се позначаен партнер на модните брендови од целиот свет. Пренесувајќи ја во живо својата колекција за мажи за пролет / лето 2022 на Kuaishou, како и на Weibo и WeChat, Louis Vuitton го најави она што следува во наредните месеци, а се однесува на влијанијата во продажбата на кинескиот пазар.
Последниве години кинеските видео платформи стануваат моќни двигатели на купувањето луксузни производи, облека од модни брендови, како и познати марки за убавина, предизвикувајќи го интересот на глобалните брендови, кои се надеваат дека ќе влезат на новиот, огромен и се помоќен пазар.
Louis Vuitton, Gucci и Dior се меѓу првите дигитално авантуристички луксузни брендови кои започнаа официјални рекламни кампањи на кинеските платформи.
Меѓу нив, Kuaishou е вистинска машина за правење пари, со бруто вредност на стока од 118,6 милијарди јени (18,3 милијарди долари) од трансакции со е-трговија во текот на првиот квартал на 2021 година, што е за околу 220% повеќе од истиот период минатата година.
Поради главно руралната корисничка база, за разлика од Douyin и Bilibili, кои се насочени кон корисниците во градовите од првиот и вториот ред, што е традиционално посакувана публика за луксузни брендови, Kuaishou досега беше ставана понастрана од рекламните и комуникациски закупи.
Но, со подобрувањето на стандардот, како што утврдија од истражувачката агенција McKinsey & Company, и жителите во помалите градови, заради пониските трошоци за живот и доволно слободно време, ги следат трендовите и купуваат преку Интернет./М.М. https://www.kuaishou.com/en/