Gabriela Hearst на својата интернет продавница ги престави сите над 150 модели на своите чанти и торби, изработени од одржливи материјали. Меѓу нив се и Nina Bag – луксузна торба во облик на колаче за среќа, инспирирана од пеачката Нина Симон, како и Demi Bag, помалата верзија на иконската Nina.
Gabriela Hearst е страствен поборник за одржлива мода. Gabriela е од Уругвај модната дизајнерка на висока мода, готова облека и додатоци и освен во својата модна куќа, работи и управува со ранчот на своето семејство во татковината.
Определбата за квалитетот и за спората мода како темелни определби за неа се дел од етосот на компанијата, бидејќи верува дека луксузот не треба да биде расипнички./M.M.