Култура на живеењеММ кујна Bobe's bakery

Џем од кајсии – ненадминат вкус и мирис

Bobe's bakery

Потребни состојки:

  • 5кг. кајсии
  • 2кг. шеќер

    Bobe’s bakery

Измиените и исчистени од семки, кајсиите се редат во тенџере: ред кајсии, ред шеќер, за потоа да се покријат со капак и да се ставаат да одстојат во фрижидер 12 часа.

По тоа време тенџерето се ставаат на силен оган, а откако кајсиите со шеќерот ќе почнат да вријат, се меша цело време, се вади пената, а по желба може и да се испасираат кајсиите, за да нема големи парчиња.

За околу 30 минути џемот е готов, се чуствува кога се двои од лажицата. Тогаш џемот се тргнува од оган, за уште додека е топол да се става во тегли (претходно измиени, ставени во тепсија, во загреана рерна, на 100 Ц).

Bobe’s bakery

Откако топлите тегли ќе се наполнат со џемот, се затвараат со топли капачиња и повторно се ставаат во рерна која сега е исклучена, за таму да останат цела ноќ.

Bobe’s bakery

Највкусното лепче е намачкано со крем сирење и џем од кајсии!/Б.Б.

Bobe’s bakery

 

You may also like

Comments are closed.