МодаТрендови

Јована Филиповиќ ја промовира колекција Ресорт 2022 со свое видување на темата СЛОБОДА

Јована Филиповиќ

Дизајнерката Јована Филиповиќ ја промовира својата колекција Ресорт 2022 година. Инспинирирана од идејата за слободата, споменикот на Слободата во  Кочани,  дело на академскиот сликар Глигор Чемерски и на архитектот Радован Раѓеновиќ, како  и книгата на Елена Чемерска – „Споменик на слободата – Разговорник„, во издание на Private Print.

Елена Чемерска е и автор на повеќегодишниот мултидисиплинарен уметнички проект ”Татковина – Споменик на Слободата”, чија цел е повторно освојување и населување на овој простор на слободата и негова долгорочна ревитализација.

Јована Филиповиќ

Вклучувајќи се во проектот на Чемерска за оживување и обновување на споменикот дизајнерката Филиповиќ ќе издвојува пет проценти од продажбата на колекцијата Ресорт 2022.  Дизајнерката се надева и дека соработката ќе покрене волја и поголема колективна свест, за вклучување во возобновувањето, особено од страна на  јавните  институции и големите компании.

Во брошурата што ја следи и објаснува колекцијата Јована Филиповиќ  посочува дека „Слободата е нешто лично, суштинско и елементарно. Но што е, и што значи, многу е поголемо и вонвременско.

Јована Филиповиќ

Сакајќи да дадам одговор на сопственото прашање, во време кога дури ја немавме ни слободата на движење, ми „долета” во раце книгата на моја драга личност и пријателка, Елена Чемерска – Споменик на слободата – Разговорник, посчува дизајнерката.

Книга која е олицетворение на минатото, сегашноста и иднината.

Книга која ти ги полни очите со солзи од: радост, тага, емоција, среќа и возбуда.

Книга која ти прави носталгија за времињата што поминале, но ти дава сила да се бориш за времињата што доаѓаат. Книга која преку разговори „оживува” еден од најзначајните монументални споменици на македонската ликовна уметност и архитектура на 20 век, Споменикот на Слободата.

Јована Филиповиќ

Посветен на Татковината, со идеја да живее во сите времиња и да продолжи да раскажува и пренесува вредности, можности за толкување и нови светови.

Сакајќи да раскажам едно свое видување на темата СЛОБОДА, а воедно и да ги вклучам сите елементи кои ме инспирираа, сосема спонтано се случи една убава приказна наречена Ресорт 2022 и уште поубава соработка која, се надевам, посочува Јована Филиповиќ, ќе биде инспирација за многу идни вакви соработки и проекти.

Колекцијата ги носи дел од боите на споменикот, ја носи формата и приказната. Приказната на споменикот, авторите… Љубовта, емоцијата и страста што Раѓеновиќ и Чемерски сакале да ја пренесат на тогашните и идните генерации.

Изгледи кои иако се „слободни”, суптилни и навидум меки, имаат движење, енергија и пренесуваат силна порака.

„Лесни” се за носење и комбинирање, што му дава поголема имагинација на носителот да ги комбира инспојува  и да им пренесе дел од себе. Дел од кроевите потсетуваат на тлоцртот на рано-христијанската базилика впишана во основата на споменикот, кој духовито се подигрува со античката амфитеатрална форма, градејќи основа врз минатото и меморијата.

Јована Филиповиќ

Комбинацијата на материјали, свила со памук, лен со чипка, е направена со цел да потсетува, да комуницира со дуалноста помеѓу афективноста и отпорот која што Чемерски ја прикажува во своите мозаици.

Принтовите на дел од парчињата се скриени, со цел да се даде едно потсетување дека треба за нив да се грижиме, да ги чуваме.

Чувството на возбуда и нова енергија е пренесено преку збогатувањето на палетата на парчиња и модни додатоци, како маици, чанти и ремени.  /М.М.

Јована Филиповиќ

Јована Филиповиќ

Јована Филиповиќ

Јована Филиповиќ

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.