Мода вестиМоден мозаик

Кон крајот на Париз Couture Fashion Week

Денес завршува Couture Fashion Week, започната во понеделникот, 4.јули, во Париз. Pyer Moss, дизајнерот на Kerby Jean-Raymond, ја претстави својата „couture collection„ како гостин дизајнер поканет од  Chambre Syndicale de la Haute Couture, организаторот на модната недела.

Проследени се осум модни ревии со ограничен број присутни (Christian Dior, Chanel, Giorgio Armani Privé, Balenciaga, Jean Paul Gaultier, Azzaro Couture, Zuhair Murad и Vaishali S, согласно одлуката на Fédération de la Haute Couture et de la Mode, а на големо задоволство на вљубениците во модата, кои изминативе 18 месеци беа без модни настани „во живо„.

Повеќето брендови, 27 на број, преферираа дигитални промоции, а меѓу нив и:  Viktor & Rolf, Fendi, Elie Saab, Charles de Vilmorin и Schiapare, како домаќини на дигиталните презентации. Сите настани се пренесувани во живо, за публиката да може да ги гледа и од дома.

Инаку, Paris Haute Couture Week се одржува два пати годишно и преставува врвен настан во светот на високата мода. Оригиналните колекции, занатското искуство и вештина при изработката на новите колекции се некои од најбитните карактеристики на оваа модна недела.

Одбравме неколку моменти од ревиите и презентациите.

Dior  на Couture Fashion Week во Париз дојде со своја модна ревија  само неколку недели откако беше домаќин на својата крузер ревија за 2021 година во Атина. Поводот беше прослава на занаетчиството, со креативната директорка Maria Grazia Chiuri, инспирирана од извонредните везови и убавите детали што се застапени и во моделите презентирани во Париз.

Armani Privé

Немаше недостиг на боја во колекцијата презентирана од Giorgio Armani, кој испрати море од розови, виолетови и зеленило по модната писта. Дизајнерот играше и со текстура во колекцијата насловена „ Shine“, со светкави ткаенини и многу светки, тул и шифон во некои од славните наметки, а кои наскоро ќе ги видиме на црвениот тепих.

Alaïa

Pieter Mulier – многу години познат како десна рака на Raf Simons – на повик на организаторот ја претстави својата прва колекција за Alaïa, хибрид на висока мода и ready-to-wear, што ќе биде достапна од декември годинава. Колекцијата им оддава почит на истоимениот дизајнер на куќата и неговите оригинални креации, но им додава модерна надградба, претворајќи ги овие спојници со потпис во нешто ново./М.М.

You may also like

Comments are closed.