Paris Couture Week, што ќе се одржува до осми јули годинава, ќе има осум модни ревии со ограничен број присутни, согласно одлуката на Fédération de la Haute Couture et de la Mode, донесена пред само неколку дена.
Свои модни ревии, наменети за сезоните есен/зимата 2021/2022, со присуство на публиката, ќе имаат луксузните модни куќи: Christian Dior, Chanel, Giorgio Armani Privé, Balenciaga, Jean Paul Gaultier, Azzaro Couture, Zuhair Murad и Vaishali S.
Ова подразбира враќање на Balenciaga во „haute couture„, првин одложено поради пандемијаа, како и ревијата на Jean Paul Gaultier , каде што конечно ќе ја престави својата колекција Sacai’s Chitose Abe создадена уште лани, но два пати е одлагана.
Неколку брендови сеуште преферираат дигитални промоции, а согласно времениот распоред тоа се Giambattista Valli, Viktor & Rolf, Fendi, Elie Saab, Charles de Vilmorin и Schiaparelli, како домаќини на дигиталните презентации.
Maison Margiela исто така се врати меѓу излагачите, додека Pyer Moss дизајнер на Kerby Jean-Raymond ќе ја претстави својата „couture collection„ во Парис, како гостин дизајнер поканет од Chambre Syndicale de la Haute Couture. Тој ќе го затвори настанот со дигитална ревија, на осми јули.
Треба да се истакне и дизајнерот Peter Mulier со деби колекцијата Alaïa, прва откко стана креативен директор во февруари годинава.
Paris Haute Couture Week се одржува два пати годишно и преставува врвен настан во свеотот на високата мода. Се очекуваат оригинални колекции и занатски изработки од дизајнери ширум светот./М.М.