Сонот се остварува доколу го имаш, јас го создавам да биде реалност со мојот бренд SIDOR. После успешно реализирани две колекции, оваа година се надевам дека ќе ја заокружам со уште еден добар проект, посочува Сидоровски. Врзано за пандемијата истакнува дека иако ковид ситуацијата ги поместила и сменила приоритетите кај секој од нас, сепак треба да се твори!
Заради сето што се случуваше на светот минатата година многу од бизнисите, меѓу кои и модниот поминуваа, па и сеуште поминуваат период на сериозни преиспитувања и барања. Како сето влијаеше и врз вашето работење?
Ковид ситуацијата помести и смени приоритети кај секој од нас но сепак треба да се твори.
Дали во овие новонастанати услови може да опстоји професијата дизајнер во Македонија и колку луѓето лани се решаваа да купуваат дизајнерски парчиња?
Модата е гранка на уметноста (кој како гледа на неа) доколку општеството налага други приоритети, уметноста (модата) секогаш е во позадина.
Кога сме кај дизајнот – можеме ли да се навратиме на вашите почетоци, на поривот за создавање, премрeжјата, она што ве одржало низ годините?
Сонот ДИЗАЈНЕР во мене е уште од основно, но научив да се осознавам себеси како дизајнер во почетокот на моето студирање. Тогаш всушност осознав дека сум на вистинскиот пат.
Како би се опишале себе си – вашиот стил, водечката инспирација за создавањето, највпечатливиот момент, лично чуство на успех?
Желбата да покажам што сонот има во “титулата” дизајнер која многумина ја посакуваат, ме носи напред да истражувам во традиција, форма, боја, начин на изработка итн… Успех ќе биде доколку ова го работам до крајот на мојот живот.
Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот, како таму се работи – има ли разлики во пазарот?
Македонија секогаш се разликува од нашите соседи, затоа што сме ние мал пазар се работи на поразлично ниво и сосема друг пристап. Тоа е така затоа што оштествениот пристап е различен.
Дизајнер во Македонија и дизајнер во големиот свет – може ли да се направи паралела?
За паралелата меѓу дизајнер во Македонија и дизајнер во светот веќе напоменав дека општествениот пристап е различен. На ова може да додадам дека влијание има и традицијата, големината на пазарот, маркетинг и најважното – финансиската моќ.
Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив. Кои се вашите за годинава?
Сонот се остварува доколу го имаш, јас го создавам да биде реалност со мојот бренд SIDOR. После успешно реализирани две колекции оваа година се надевам дека ке ја заокружам со уште еден добар проект./M.M.
Контактот на Дејан Сидороски е на Инстаграм: Sidordejan